Музети погоди линиска судијка со тениско топче и пројде неказнет

За време на дуелот од четвртфиналето на Ролан Гарос меѓу Лоренцо Музети и Франсис Тиафо, италијанскиот тенисер нервозно и силно удри едно топче што заврши во телото на една од линиските судијки. Главниот судија му изрече само блага опомена и Музети не доби никаква казна. За сличен инцидент со топче, Новак Ѓоковиќ пред неколку години беше исфрлен од Отвореното првенство на САД каде напаѓаше титула.

Италијанецот Музети го победи Тиафо со 3-1 во сетови и ќе игра во полуфинале против Карлос Алкараз во четврток. 

А Ѓоковиќ тогаш во 2021-ва кога случајно погоди судијка со топче, ја заработи најголемата казна во историјата на тенисот. Освен што беше исфрлен од УС Опен каде тргна по нова Гренд Слем титула, Србинот беше казнет и со 10.000 долари за неспортско однесување, со 7.500 долари за неприсуство на прес-конференција и одземени 180 поени. А од евентуално освоен УС Опен можеше да заработи дополнителна награда од 250.000 долари. 

4 јуни 2025 - 09:02