Дејан Кулушевски се врати на терен после 526 дена!
Тотенхем конечно прослави победа после 7 кола во Премиер лига откако синоќа го совлада Ковентри со 3-1. Сите погодоци беа убави, постигнати надвор од шеснаесетникот, а стрелци беа: мајсторот за удари од далечина Џејмс Медисон, Омар Мармуш и Бен Дејвис. На терен конечно се врати Македонецот роден во Шведска, Дејан Кулушевски после речиси две години по тешката повреда. Влезе во 87' минута наместо Кудус и доби овации од трибините.
Тотенхем со оваа победа избега од опасната зона и сега е на 16. место со 6 бода. Во зоната за испаѓање се Фулам (5 бода), Нотингем Форест (5) бода) и Сандерленд (последен со 4 бода).