
Албанските и српските медиуми го најавуваат овој натпревар како историски и пишуваат дека ниту еден натпревар досега во Тирана немал поголеми безбедносни мерки како овој во сабота.
Српската репрезентација ќе биде следена со полициска придружба и обезбедување од стапнувањето на албанско тло па до занимувањето.
Од познати причини оваа средба е прогласена за натпревар од највисок ризик а за таа цел Албанците го кренале нивото на безбедност на највисока можна точка. Дури 1.500 редовни полицајци ќе бидат распоредени на и околу стадионот „Ер Албанија“ а сите патишта кои водат до стадионот ќе бидат блокирани за сообраќај неколку часа пред натпреварот. Исто на локалните жители ќе им биде забрането да бидат на терасите и прозорците кои имаат поглед кон стадионот.
Со цел да се избегнат инциденти слични на оние од 2014-та година кога во Белград поради развиено албанско знаме со дрон изби голем хаос на теренот, албанските служби инсталирале и систем против дронови.
На стадионот ќе има инсталирани камери за препознавање лица во случај на инциденти а секоја карта ќе биде персонализирана односно секој навивач кој има право да купи најмногу 4 карти (Албанскиот фудбалски сојуз не дозволил карти да купуваат лица од Косово), ќе мора да покаже лична карта за верификација.
Цените на влезници за овој дуел на црно оделе од 350 па сè до 900 евра.