Селекторот на Франција побара аплауз за ПСЖ, а Турам рамнодушен
Интересна сцена денес во базата на репрезентацијата на Франција која се спрема за полуфинале на Лига Нации против Шпанија во четврток од 21:00. Селекторот Дидие Дешам им честиташе на фудбалерите на ПСЖ за освоената титула во Лига на шампиони и побара од сите репрезентативци да ги поздрават со аплауз. Тука беше и Килијан Мбапе кој му се изнасмеа на поразениот во финалето со Интер Маркус Турам.