
Германија вечерва на „Алијанц Арена“ ја пречекува Португалија во првото полуфинале од Лига Нации без повредените Џамал Мусиала, Антонио Рудигер и Кај Хаверц.
Шпанија во четврток ќе игра против Франција во второто полуфинале, во Штутгарт на „МПХ Арена“.
Македонија во петок од 20:45 ќе излезе на мегдан против ѕвездената Белгија предводена од Лукаку, Де Брујне и селекторот Руди Гарсија.
Свое деби како селектор на Бразил ќе има и Карло Анчелоти кој со кариоките ќе гостува кај Еквадор во ноќта меѓу четврток и петок во 02:00 часот после полноќ по средноевропско време. Петкратниот светски првак е на шест место во јужно-американските квалификации и го чека голема броба за пласман на Мундијалот 2026. Ги чека тежок противник - Еквадор е втор на табела во јужно-американските квалификации и му бега 2 бода на Бразил. Еквадорците примиле само 5 гола досега на дури 14 меча.
Од останатите дуели ќе биде интересни да се гледаат и: Албанија - Србија (сабота, 20:45), Хрватска - Чешка (понеделник, 20:45) и Норвешка - Италија (петок, 20:45).