Роналдо на 40 години ја урна Германија во Лига на Нации

Во првото полуфинале на Лига на Нации, пред преполни трибини на „Алијанц Арена“ во Минхен, Германија поведе преку најдобриот нивен фудбалер Флоријан Виртц во 48' минута. Португалија подоцна во само четири минути направи голем пресврт и со головите на Франсиско Консеисао и Кристијано Роналдо победи и се пласираше во големото финале.

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Photo: EPA Images

Ова беше 937-ми гол во кариерата на Роналдо, а 137-ми во репрезентација. Португалија за првпат ја победи Германија после 2000-та година. Германците претходно имаа 5 триумфи по ред.

Натпреварот во Минхен доцнеше 10-ина минути поради силното невреме проследено со силен град:

Флоријан Виртц 1-0, 48':

Франсиско Консеисао, 63':

Кристијано Роналдо, 68':

5 јуни 2025 - 09:07