
Британската Влада по секоја цена сакаше и на крајот успеа да го избрка Роман Абрамович од Челси, односно да го убеди да го продаде клубот и во меѓувреме да му ги замрзне сите средства и имот кои ги поседува во Велика Британија.
Абрамович го продаде Челси за 2,5 милијарди фунти на американски фонд предводен од Тод Боели. Британските власти ги замрзнаа овие средства и имаа намера да ги проследат до погодените од војната во Украина.
Од тогаш до сега трае тој процес за префрлување на замрзнатите средства. Министерката за финансии на Велика Британија Рачел Ривс и државниот секретар за надворешни работи Дејвид Лами изразиле фрустрации што процесот за постигнување договор со Абрамович за замрзнатите средства оди толку бавно.
Тие сметаат декат „олигарси како Амбрамович индиректно имале корист од поддршката на режимот во Русија кој е одговорен за војната и дека така ќе пратат порака дека Обединетото Кралство нема да биде рај за богатство на индивидуи поврзани со режими“.
Челси беше продаден во мај 2022 година кога Роман Абрамович беше меѓу првите санкционирани руски државјани на британско тло како наводен соработник на режимот на претседателот на Руска Федерација Владимир Владимирович Путин.
Од тогаш, од мај 2022 2,5 милијарди фунти кои му припаѓаат на Абрамович стојат замрзнати а британските власти сакаат по секоја цена овие пари да отидат на сметка на Украина и Украинците погодени од конфликтот.
Но парите сè уште моежат да бидат префрлени без лиценца од таканаречената Канцеларија за имплементација на финансиски санкции.
„Владата е посветена да види како средствата од продажбата на фудбалскиот клуб Челси ќе стигне до хуманитарните потреби во Украина предизвикани од руската нелегална инвазија.
Ние сме длабоко фрустрирани дека уште не е можно да се постигне договор за тоа со господин Абрамович.
Додека вратите за преговори сè уште се отворени, ние сме целосно спремни да го завршиме ова преку потребните судови, за да обезбедиме дека луѓето кои страдаат во Украина можат да имаат корист од овие средства што е можно поскоро“, рекле министерот за финансии на Британија Ривс и државниот секретар за надворешни работи Лами.
Самиот Роман Абрамович уште пред две години најави дека е спремен лично да одвои големи средства за помош на сите погодени од војната меѓу Русија и Украина.