Се сеќавате на избрканиот англиски судија? Ене го работи достава

Познатиот англиски судија Дејвид Кут кој работеше со значки на ФИФА и УЕФА, судеше во Лига на шампиони и на Европско првенство и во Премиер лига, во ноември беше избришан од регистарот на фудбалски судии поради незапаметен скандал. Се појави видео снимка на која се гледа како тој сурово го навредува тогашниот тренер на Ливерпул Јирген Клоп, а набрзо после тоа и видео на кое се гледа како шмрка бела прашкаста материја. Кут доби отказ од ФА. Сега веќе неколку месеци работи како доставувач на храна. И добро му оди.

„Сакам да одам понатаму со животот. Се обидувам повторно да најдам чувство на одговорност и смисла. Работата ме држи активен и ангажиран, но ова не е моја нова долгорочна кариера“, рекол Кут за англиските медиуми.

3 јуни 2025 - 12:10