
На констатација на авторот на интервјуто дали ФФМ не прави доволно напори за да ја искористи дијаспората, Пандев категорично одговара:
„Не се согласувам дека не правиме доволно за тие да играат за нашата репрезентација, би рекол дека повеќето од нив едноставно немаат желба да играат за Македонија. Една од првите работи што ги направивме како ново раководство беше да стапиме во контакт со над 50 млади и талентирани играчи кои имаат право да играат за Македонија, и јас бев тој што лично контактирав со најголемиот дел од нив, само за да сфатам дека многумина од нив едноставно не се заинтересирани да играат за нашата репрезентација и тоа за мене е пресудно.
Треба да се чувствуваш гордо кога си повикан да играш за Македонија и ако ја немаш таа желба, тогаш каква е поентата. Имав многу тешки и долги сезони додека играв во Серија А и морав да менувам до четири летања само за да се вратам во Македонија и да играм за репрезентацијата. Но, за мене беше огромна чест да го носам националниот дрес, денес го имаме тој проблем и дополнително, имаме родители, деца, менаџери кои се вклучуваат во процесот на одлучување“, изјави Пандев.
Пандев: „Мојот однос со Милевски е професионален, се надевам ќе нè однесе на Светско“