
Во мај месец се слушнаа првите гласини дека Симоне Инзаги и Ал Хилал веќе договарале можен премин на италијанскиот тренер. Некои одат дури и подалеку од тие пет недели и тврдат дека уште во април имало „опипување на пулсот“ од двете страни.
ЛУДИ ПАРИ, РЕТКО КОЈ БИ ГИ ОДБИЛ
Претседателот на Интер Бепе Марота објави прв дека тренерот Инзаги заминува по средбата со него во вторникот напладне. Тој му се заблагодари на Инзаги за работата и рече: „Му благодарам и за искреноста на денешниот состанок кој приведе кон заедничка одлука да се разделиме. Само кога се бориме заедно за достигнување успеси ден за ден, можен е така отворен дијалог како што имавме денес“.
А тренерот изјавил меѓу другото и:
„Последно сакам да им се заблагодарам на милионите навивачи на нераѕурите кои ме поддржуваа, плачеа и преживуваа тешки моменти, се смеаа и славеа шест трофеи кои заедно ги преживеавме. Никогаш нема да ве заборавам“, рекол Симоне Инзаги.
Симоне Инзаги ќе потпише тригодишен договор со шампионот на Саудиска Арабија Ал Хилал вреден наводно 24 милиони евра по сезона што ќе го направи најплатен тренер на светот во моментов.
Уште пред финалето на Лига на шампиони некои обложувалници даваа 87% веројатност дека Инзаги ќе продолжи да работи со Интер но по дебаклот 0:5 од ПСЖ работите се сменија.
Интер останува без тренер, Инзаги за пар недели ќе игра на Светско клупско првенство против Реал Мадрид, Ред Бул Салцбург и Пачука како тренер на Ал Хилал.
ИНТЕР ИМА ДВА КАНДИДАТИ
Задачата на Симоне Инзаги ќе биде сега да се запознае и добро да ги води ѕвездите на Ал Хилал Александар Митровиќ, Малком, Жоао Кансело, Рубен Невеш и другите ѕвезди на Светското клупско првенство во САД, а потоа да го врати Ал Хилал на врвот во Саудиска Арабија каде нов шампион стана Ал Итихад со осум бода предност на табелата.
А Интер бара нов тренер.
Нема многу варијанти: Антонио Конте остана во Наполи, Џан Пјеро Гасперини оди во Рома, Масимилијано Алегри се врати во Милан.
Италијанските медиуми ги поврзуваат Роберто Де Ѕерби и Сеск Фабрегас со Интер но и двајцата имаат важечки договори со своите клубови - Марсеј и Комо.
Во втората половина на јуни нераѕурите ги чека Светско клупско првенство во САД и дуели со мексикански Монтереј, со јапонска Урава и со гигантот Ривер Плејт во групна фаза. Нова сезона во Серија А почнува на крајот од август.
Ако СКП не им е приоритет, Интер ќе може на мира да го реши тренерското прашање.