На возрасните јужно-американски фудбалери им е својствено да играат долго фудбал и во зрели години. Еден од нив е и легендарниот „Фалкон“, Радамел Фалкао кој има 39 години. Тој имаше неверојатна кариера во Ривер Плејт, Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед, Челси, Галатасарај и Рајо Ваљекано. За Колумбиа одигра 105 меча и постигна 36 гола. Лани се врати во својот сакан Милионариос во татковината. Сега игра нова сезона и веќе има три гола на два меча.