
Во ситуација кога беше борба за Килијан Мбапе да остане во ПСЖ, Луис Енрике изјави дека и да замине тој, неговиот тим ќе игра еднакво добро и без него.
Еднаш му држел предавање на Мбапе за лидерството и за Мајкл Џордан:
Како поткрепа на фактот дека Луис Енрике е навистина број 1 европски тренер во моментов чија екипа игра неверојатен фудбал и оствари историски успех од 5:0 во големо финале на Лига на шампиони над Интер, е и изјавата на младата ѕвезда на Барселона Гави:
„За мене Луис Енрике е број еден, тој е најдобар во светот. Навистина многу се радувам за него, за него и неговата фамилија. Исто така се радувам и за Рафел Пол, неговиот помошник“, рекол Гави.
Гави работеше под Луис Енрике уште како помлад во младинските категории на Барса, а со Лучо најмногу соработуваше и во репрезентацијата на Шпанија.
Gavi: Luís Enriqué is the number one for me. He's the best
— GAVI IS BACK💙❤️ (@V10_fcb_) June 2, 2025
🥺🫶 pic.twitter.com/IMyVCtokJU