Дваесет и пет годишниот португалски репрезентативец пред неколку дена освои Лига на шампиони со ПСЖ во историското финале против Интер кога го згромија ривалот со 5:0. Витиња беше клучен играч на Парижаните сезонава, а на истиот стадион во Минхен сега им држеше час по дриблање и на Германците.