- Дербито на колото во Лига на шампиони вечерва се игра во Париз каде францускиот и двократен европски првак Пари Сен Жермен ќе го пречека шпанскиот шампион Барселона. Натпреварот нема да се одложи и покрај страшниот хаос и насилни протести коо се случува на улиците во главниот град на Франција, соопштил премиерот на оваа земја Себастијан Лекорни.
- Лекорни во понеделникот побарал од регионалните власти да воведат делумен полициски час во некои градови со цел да ги заштитат граѓаните и деловните објекти по страшниот хаос минатиот викенд.
- Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез потврдил дека нема планови да се откаже натпреварот од Лига на шампиони ПСЖ - Барселона (вторник 21.00 часот).
- Немирите ги погодија и француските фудбалски клубови. Олимпик Марсеј и Лил соопштија дека нивните продажни фан-шопови доживеале тешки штети и грабежи. Марсеј соопшти дека во неговата официјална продавница на познатата авенија Ла Канебијер била демолирана и ограбена. Обете продавници се затворени во моментов.
- Некогашниот легендарен фудбалер на белградски Партизан и позната легенда на југословенскиот фудбал Џевад Прекази починал на 70 години, пренесуваат белградските медиуми.
- Прекази, роден во Косовска Митровица беше еден од најсаканите фудбалери меѓу навиввачите на Партизан чиј дрес го носеше од 1976-та до 1983-та година. Освои три шампионски титули со белградскиот состав.
- Голема трага остави и во Галатасарај каде одигра 185 натпревари од 1985-та до 1991-ва и освои две шампионски титули.
- Играше уште и за Хајдук Сплит, а по крајот на кариерата се занмаваше и со мал фудбал во САД каде играше за Балтимор Бласт. За младинската репрезентација на Југославија запиша три настапи. Како тренер подоцна два пати го водеше белградски Железник.
- „Не се ограничувам со ништо“, изјави легендарниот Дидие Дешам минатиот јуни пред да ја заврши последната авантура на Светско првенство со Франција.
- Дешам ги водеше триколорите цели 14 години а на свои 58 години после јуни се реши да одмори од се и да ги наполни батериите. Негов наследник на клупата на Франција стана Зинедеин Зидан.
- Сега Дешам го поврзуваат со многу големи европски клубови како неговиот Јувентус во кого остави голем белег, така и Манчестер Јунајтед, пишува француски footmercato.net кој вели дека клубот од „Олд Трафорд“ бара замена за Мајкл Карик кого сензационалниот пресврт против Рома 3:2 од 0:2 му го продолжи макар на кратко престојот на клупата на Манчестер.
- Управата на Манчестер Јунајтед ги сонувала Јулијан Нагелсман и Унаи Емери но првиот веќе е пред договор да се врати во Ред Бул Лајпциг а вториот е врзан силно со договор за Астон Вила која што не сака да ја напушти.