
Нусрет често се обидува да злоупотреби големи светски настани со цел себепромоција. Така по големото историско финале на Светско првенство 2022 во Катар кога Аргентина и Меси ја совладаа Франција на Килијан Мбапе на пенали, се симна долу на теренот и се сликаше со пехарот заедно со Аргентинците како да е член на нивната делегација.