Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Кој пукаше во Бонучи?

Италијанската полиција се уште трага по непознато лице кое во неделата пукаше во Леонардо Бонучи од Јувентус за време на натпреварот против Палермо.

ОСУМДЕСЕТ И ШЕСТ!

Тоа е таа фамозна бројка на голови во една календарска година која никој не успеа да ја достигне се до сега. Лионел Меси веќе го сруши рекордот на Герд Милер, а до крајот на годината Барселона ќе одигра уште 4 натпревари.

МЗТ немаше сили за уште еден подвиг

Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа уште еден солиден натпревар против екипа од евролигашки ранг, но немаа сили за во листата на изненадени фаворити покрај имињата на Цибона, Унион Олимпија, Цедевита и Задар да го додадат и Партизан.

Заврши Европското првенство за нашите ракометарки

Кратко траеше настапот на Европското првенство за македонските ракометарки. По три одиграни натпревари на првенството во Србија, женската ракометна репрезентација забележа три порази и си ги спакува куферите.

Голови на неделата

Погледнете го изборот на TVGOLO за најдобрите 10 голови од изминатата недела.

Причини за воведување на технологија на гол-линијата

Премногу дебати се правеа во врска со воведување на новите технологии во фудбалот, но ФИФА ја донесе одлуката и тие почнаа да се употребуваат. Веќе кога нема поента да се буниме зошто не треба да се воведуваат, да погледнеме неколку причини зошто треба да се применуваат овие технологии.

Како Коби постигна 30.000 поени

Коби Брајант стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој ја мина границата од 30.000 поени. Еве како стигна до оваа бројка.

Најдобрите голови во 2012-та година

ФИФА ги објави своите кандидати за Пушкаш наградата за најдобар гол на годината, а неколку часа подоцна Златан Ибрахимовиќ го постигна неговиот спектакуларен гол кој не влезе во конкуренција. Затоа ЕСПН го објави својот избор во кој секако влегува и погодокот на Ибра.

Роналдо и мастиката

Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобар спортист на Пиринеите, но имаше незгода кога на приемот кај шпанската кралица Софија тој се појави со мастика во уста.

Лоша тренерска логика

Тренерот на Килмарнок си направил своја математика и го вклучи фудбалерот Мануел Паскали во составот за натпреварот против Селтик и покрај тоа што тој е суспендиран.

Златната топка само за фудбалери на Реал и Барса

Ако сте фудбалер и ако сакате да ја освоите наградата за најдобар фудбалер на ФИФА, тогаш мора да следите едноставно правило кое вели дека дел од својата кариера мора да имате поминато во Реал Мадрид или Барселона.

Ова да се воведе

Кога веќе не ни оди со женскиот фудбал во Македонија, предлагаме како замена да се воведе оваа верзија. Сигурно ќе бидеме поуспешни, а натпреварите ќе имаат и огромна посета.

Уште еден убедлив пораз за ракометарките

Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе уште еден висок пораз. Во второто коло од Европското првенство, Македонија загуби од Шведска со 26:15.

Голчиште на стартот од СКП

Светското клупско првенство само што започна и веднаш на стартот видовме прекрасен гол. Екипата на Хирошима го победи Оукленд со 1:0, а стрелец на победничкиот гол беше Тошихиро Аојама.

По трагите на една епска фотографија

Ги препознавате ли овие ликови кои некогаш беа главни богови на фудбалските терени во Југославија?

Стартува новата ера на модерниот фудбал

Со натпреварот помеѓу јапонскиот Хирошима и Оукленд од Нов Зеланд, денес стартува Светското клупско фудбалско првенство, прво официјално натпреварување на кое ќе се применат новите технологии на гол-линијата.

Отпуштен цел тим заради хомофобија

Шведскиот нисколигаш Сорскогенс реши да ги отпушти сите играчи од првиот тим затоа што ги навредувале играчите од спротивниот клуб чиј тим е составен само од претставници на ЛГБТ заедницата.

Српскиот тренер влечеше норвешка ракометарка

Србинките не можеа да се справат со противничките од Норвешка, па селекторот на репрезентацијата чија земја е домаќин на Европското првенство, Саша Бошковиќ реши да им помогне на своите ракометарки со тоа што на два пати ја задржуваше Лин Јорум Суланд.

Коби ја помина границата од 30.000 поени

Коби Брајант влезе во историјата на НБА откако стана најмладиот кошаркар кој постигна 30.000 поени и само петтиот играч кој ја помина оваа граница.

Јуве го елиминираше шампионот Челси

Челси за џабе го растури Нордсјеланд затоа што Јувентус не загуби кај Шахтјор и го елиминираше актуелниот шампион. Пласман во следната фаза изборија и екипите на Селтик и Галатасарај.

Колку пари вреди еден гол

Земајќи ги во предвид сумите платени за трансферите на 293 напаѓачи во последните 10 години и парите потрошени на нивните плати, Англичаните пресметаа дека еден гол во просек чини 350.000 фунти.

Уште три празни места за вториот круг од ЛШ

13 екипи веќе обезбедија пласман во следната фаза од Лигата на шампиони, а за последните 3 места битка ќе се води во групите Е (Јувентус или Челси), Г (Бенфика или Селтик) и Х (Галатасарај или Клуж).