Причини за воведување на технологија на гол-линијата

Премногу дебати се правеа во врска со воведување на новите технологии во фудбалот, но ФИФА ја донесе одлуката и тие почнаа да се употребуваат. Веќе кога нема поента да се буниме зошто не треба да се воведуваат, да погледнеме неколку причини зошто треба да се применуваат овие технологии.

Дури и претседателот на УЕФА, Мишел Платини е против воведувањето на новите технологии во фудбалот, но сè е залудно. Сеп Блатер и ФИФА беа цврсто решени и тие веќе почнаа да се користат на Светското клупско фудбалско првенство.

Ставовите на противниците на новите технологии веќе се излишни, па тие можат да погледнат само неколку причини зошто треба да се применуваат. Гледајте од позитивната страна и помислете на тоа дека вакви спорни ситуации повеќе нема да постојат.

Џеф Херст, Англија - Германија, Светско првенство 1966

Френк Лампард, Германија - Англија, Светско првенство 2010

Марко Девиќ, Англија - Украина, ЕУРО 2012

Педро Мендес, Манчестер Јунајтед - Тотенхем, Премиер лига 2005 година

Сали Мунтари, Милан - Јувентус, Серија А 2012 година

Клинт Хил, Болтон - КПР, Премиер лига 2012 година

Последниот ваков превид на судиите се случи вчера на натпреварот од Лига Европа помеѓу Интер и Нефчи кога не беше признат голот на Марко Ливаја.

7 декември 2012 - 15:10