Оваа „правило" ја следи наградата на ФИФА уште од 1996-та година. Последен фудбалер кој ја освоил наградата, а немал никаква допирна топка со Реал Мадрид или Барселона е Жорж Веа. Тој ја освои наградата во 1995-та година кога играше за ПСЖ и Милан, претходно играше за Монако, а потоа за Челси, Манчестер Сити, Марсеј... но никогаш нема играно за Реал или Барса.
Бразилскиот Роналдо освои 3 вакви награди. Првата во 1996-та година кога играше за ПСВ и Барселона, потоа повторно следната година и третата во 2002-та кога играше за Реал Мадрид.
Зинедин Зидан исто така освои 3 награди. Првите 2 додека го носеше дресот на Јувентус, а последната во 2003-та година кога ја освои титулата со Реал Мадрид.
Најдобар фудбалер за 1999-та беше Ривалдо кој таа година ја предводеше Барселона до втората титула во серија.
Луис Фиго ја освои наградата во 2001-та година. Од 2000-та тој играше за Барселона, а во 2005-та премина во Реал Мадрид.
Роналдињо беше прогласен за најдобар фудбалер на светот две години по ред (2004 и 2005) додека играше за Барселона.
Фабио Канаваро е последниот дефанзивец која го добил ова признание. Во 2006-та година кога ја освои наградата играше за Јувентус и Реал Мадрид.
Кака е вториот играч по Зидан кој ја освоил наградата пред да игра за Реал или Барса. Тој беше прогласен за најдобар фудбалер во 2007-та година кога го предводеше Милан до европската титула, а во 2009-та се пресели во Реал Мадрид.
Во 2008-та година наградата му припадна на Кристијано Роналдо за игрите во дресот на Манчестер Јунајтед, а следната година тој направи трансфер во Реал Мадрид.
Од 2009-та година следи доминација на Лионел Меси и најверојатно тој оваа година ќе ја освои 4-та награда. Во финалната фаза се влезени Роналдо, Иниеста и Меси, што значи кој и да ја освои, повторно ќе биде испочитувано ова правило.