ОСУМДЕСЕТ И ШЕСТ!

Тоа е таа фамозна бројка на голови во една календарска година која никој не успеа да ја достигне се до сега. Лионел Меси веќе го сруши рекордот на Герд Милер, а до крајот на годината Барселона ќе одигра уште 4 натпревари.

Во 1972-та година Герд Милер постигна 85 голови за Баерн Минехн и Западна Германија и 40 години никој не успеа ниту да му се доближи на неговиот успех. Се до денес кога Лионел Меси се запиша во историјата.

Неговиот настап на вечерашниот натпревар беше под голем знак прашалник откако се повреди на натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите, но тој бргу се опорави.

Натпреварот го започна со 84 голови во оваа календарска година и потребни му беа само 25 минути за да го урне рекордот.

9 декември 2012 - 23:02