Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Феникс Санс ќе враќаат пари на незадоволни гледачи

Исто како што компаниите даваат гаранција на своите производи, така и Феникс Санс на своите навивачи им гарантира дека ќе си поминат убаво на утрешниот натпревар против Далас, а ако не се задоволни, тогаш можат да си ги бараат назад парите.

Дедо Мраз го подели Ливерпул

8.000 Дедо Мразовци ја истрчаа трката на 5 километри низ улиците на Ливерпул чија цел беше собирање пари за хуманитарни цели. Но тврдокорните навивачи на Евертон не сакаа да се облечат во боите на нивниот градски ривал, па трчаа во сино.

Норвешко дриблање

Големата надеж на норвешкиот фудбал, косоварот роден во Белгија, Зимер Битики го покажа својот раскошен талент на натпреварот помеѓу репрезентациите на Норвешка и Фарски Острови за фудбалери до 17 години.

Нема европска пролет за Манчестер Сити

Актуелниот шампион на Англија и еден од најбогатите клубови во Европа не ја преживеа зимата и е елиминиран од сите континентални натпреварувања. На денешните натпревари пласман во Лига Европа изборија Ајакс и Зенит.

Висок пораз на стартот од ЕП

Како што и се очекуваше, женската ракометна репрезентација загуби на стартот од Европското првенство во Србија. Франција прослави висока победа од 29:16.

Забивање на неделата

Запознајте го Бајрон Маленс. Центарот на Шарлот го има забивањето на неделата со ова негово ефектно поентирање преку Ламаркус Олдриџ од Портланд.

Коларов го уби празничното расположение

Празниците се ближат, а со тоа се буди и новогодишното расположение, но доколку сакате да ве држи тоа расположение, во никој случај не ја гледајте видео честитката од Коларов.

Јаневски го објави списокот за мечот со Полска

Селекторот на македонскиот национален тим, Чедомир Јаневски го објави списокот на комбинираната репрезентација која ќе одигра пријателски натпревар со Полска на 14 декември во Анталија. На списокот се наоѓаат фудбалери од домашното првенство и двајца интернационалци.

Калкулации пред последното коло од ЛШ

По одигрувањето на 5-то коло од Лигата на шампиони, 13 екипи обезбедија пласман во следната фаза, а за последните 3 места ќе се борат уште 6 екипи. Ова се математиките пред последните натпревари во групите А, Б, Ц и Д.

21.354 мечиња на лед

Фрлањето на плишани мечиња по првиот гол прерасна во традиција во хокеј арените ширум целиот свет. Навивачите на Калгари на вчерашниот натпревар фрлија 21.534 мечиња, но не успеаја да го срушат својот рекорд од 26.919 мечиња фрлени во 2007-та година. Играчките потоа се подаруваат на деца во болници и други добротворни организации.

15.000 навивачи го испратија Коринтијанс

Фудбалските клубови во Македонија не можат да привлечат ни 1.500 гледачи на стадион, а во Бразил одат по 15.000 навивачи да го испратат својот омилен клуб на аеродром.

Македонија брка изненадување на Европското првенство

Ракометните стручњаци и кладилниците се согласни дека женската репрезентација на Македонија е аутсајдер на Европското првенство, но нашите девојки ќе се потрудат да им ги замрсат сметките на фаворитите.

Уште еден блеф на манипулаторот Мурињо

Денешната информацијата дека Мурињо ќе го напушти Реал Мадрид беше топ вест во сите медиуми. Неколку часа подоцна Мурињо ја демантираше оваа вест која најверојатно самиот ја пласираше во јавност и сите во Реал Мадрид тоа го знаат.

Потег на неделата

Меси, Роналдо, Ибрахимовиќ... можат вода да му носат на Дарен Гибсон од Евертон за неговиот потег против Манчестер Сити.

Барселона ќе те откаже од цигари

Фудбалскиот клуб Барселона ги здружи силите со Европската Комисија и ќе се обиде да им помогне на навивачите да се откажат од пушење.

Не ме фаулирај, ќе те кажам на мајка ми

Еден фаул на јуниорското дерби помеѓу Рапид и Стеауа од Букурешт доби централно место во медиумите од Романија откако мајката на фаулираниот фудбалер се обиде да се пресмета со фудбалерот кој стартуваше над нејзиниот син.

Викенд на комични автоголови

Викендов на фудбалските терени низ целиот свет беа постигнати стотици прекрасни голови, но и повеќе комични автоголови. Ова се дел од нив.

МК Донс - Вимблдон: најголемото ривалство во Англија

Викендов во Европа се одиграа повеќе интересни дерби натпревари, но вниманието на фудбалската јавност го привлече и натпревар помеѓу најголемите англиски ривали кои играат во трета и четврта лига и никогаш во историјата не одиграле натпревар помеѓу себе.

Плукачко дерби на Мадрид

Како што и се очекуваше, натпреварот помеѓу мадридските ривали имаше и неколку нефудбалски моменти, а најжесток, односно најсочен беше дуелот помеѓу Серхио Рамос и Диего Коста.

Милер Vs. Меси

Пред Лионел Меси викендов да постигне уште два гола и да се доближи на само еден гол до рекордот на Герд Милер, магазинот FourFourTwo направи споредба на нивните успеси.

ФИФА се посрамоти со извлекувањето

Генералниот секретар на ФИФА успеа да направи хаос на едноставно извлекување на две групи со по 4 репрезентации за Купот на Конфедерации што следната година ќе се одржи во Бразил.

Рекордна победа на МЗТ против Солнок

Македонскиот шампион ја искористи слабата игра на потпросечниот противник и му го нанесе најтешкиот пораз на унгарски Солнок.