Французинките важат за едни од главните фаворити на ова првенство, а тоа го докажаа уште на стартот на натпреварот против нашиот национален тим.
Македонските ракометарки поведоа на стартот со 0:1, но тоа беше се што тие сторија на овој натпревар. Француските ракометарки ја покажаа својата сила и до полувремето имаа предност од 15:10.
Во второто полувреме цели 17 минути не постигнавме гол, а за 24 минути останавме на само 2 гола. За тоа време Французинките константно ја зголемуваа својата предност и стигнаа до двоцифрено водство, за до крајот да слават висока победа од 29:16.
Најпрецизна во нашите редови беше Јулија Николиќ со 6 голови.
Во следното коло во четврток се среќаваме со репрезентацијата на Шведска.