Дел од најголемите ѕвезди на Барселона ги повикаа навивачите да се откажат од пушење цигари и им понудија поддршка при откажувањето.
Кампањата на Барселона заедно со Европската Комисија се вика „Откажи се од пушење со Барса" и вклучува онлајн и мобилна апликација која содржи информации и мотивации од фудбалерите, тренерот Виланова и претседателот Росел.
Новата кампања е само продолжение на акцијата која Барселона ја започна пред една година кога на Камп Ноу забранија пушење со цел да им помогнат на нивните навивачи да се откажат од оваа навика.
Апликацијата можете да ја преземете тука.