Фрлањето на плишани мечиња по првиот гол прерасна во традиција во хокеј арените ширум целиот свет. Навивачите на Калгари на вчерашниот натпревар фрлија 21.534 мечиња, но не успеаја да го срушат својот рекорд од 26.919 мечиња фрлени во 2007-та година. Играчките потоа се подаруваат на деца во болници и други добротворни организации.