Калкулации пред последното коло од ЛШ

По одигрувањето на 5-то коло од Лигата на шампиони, 13 екипи обезбедија пласман во следната фаза, а за последните 3 места ќе се борат уште 6 екипи. Ова се математиките пред последните натпревари во групите А, Б, Ц и Д.

Група А
1. Порто 13
2. ПСЖ 12
3. Динамо Киев 4
4. Динамо Загреб 0

ПСЖ - Порто
Динамо Загреб - Динамо Киев

Порто и ПСЖ веќе обезбедија пласман во следната фаза, а на нивниот денешен дуел ќе биде одлучен само победникот во групата. Динамо Киев ќе игра во Лига Европа и натпреварот со Динамо Загреб нема никакво резултатско значење.

Група Б
1. Шалке 11
2. Арсенал 10
3. Олимпијакос 6
3. Монпеље

Олимпијакос - Арсенал
Монпеље - Шалке

Шалке и Арсенал се сигурни патници во нокаут фазата, а Олимпијакос ќе игра во Лига Европа. Екипата на Шалке ќе ја задржи првата позиција ако го победи Монпеље или ако Арсенал не успее да го победи Олимпијакос.

Група Ц
1. Малага 11
2. Милан 8
3. Зенит 4
4. Андерлехт 4

Малага - Андерлехт
Милан - Зенит

Во групата Ц е решено прашањето околу прво и второпласираните (Малага и Милан), а Зенит и Андерлехт ќе се борат за третото место. Доколку денешните натпревари завршат нерешено, во Лига Европа ќе игра Зенит заради подобра гол разлика.

Група Д
1. Борусија Дортмунд 11
2. Реал Мадрид 8
3. Ајакс 4
4. Манчестер Сити 3

Борусија Дортмунд - Манчестер Сити
Реал Мадрид - Ајакс

Борусија Дортмунд оди понатаму како првопласиран, а Реал Мадрид од втората позиција. Ајакс и Манчестер Сити ќе се борат за Лига Европа. Манчестер Сити ќе ја освои третата позиција ако победи во Дортмунд и ако Ајакс загуби во Мадрид.

4 декември 2012 - 11:40