Кошаркарите на МЗТ Скопје одржаа лесен тренинг и ја забележаа 6-та и најубедлива победа по 11 одиграни кола во АБА лигата.
МЗТ ја започна доминацијата уште на стартот и по 4 напади поведе со 10:2 со 10-те поени на Гечевски.
Кошаркарите на МЗТ продолжија со фуриозната игра и до полувремето веќе имаа големо водство од +26 (47:21).
Во второто полувреме МЗТ рутински ја зголемуваше предноста и на крајот славеше со 87:53 што е највисока победа на македонскиот шампион и рекорден пораз на Солнок во АБА лигата.
Најефикасен во редовите на МЗТ беше Гечевски со 20 поени, Дамјан Стојановски постигна 15, Дејвис 12, а проработе и Николиќ кој имаше учинок од 13 поени, 8 скокови и 2 блокади.
Во следното коло од регионалната кошаркарска лига МЗТ му гостува на Партизан.