Просечната висина на еден трансфер на напаѓач во Премиер лигата во последните 10 години изнесува 5,92 милиони фунти. Тие во просек имаат дадено 12 голови откако биле купени, што значи дека според оваа вредност еден гол чини нешто под половина милион фунти.
Парите за плата исто така се вкалкулирани. Платата на овие фудбалери во просек изнесува 2,48 милиони фунти и поделено со 12 гола по играч се добива 210.000 фунти за гол.
На крајот се одзема сумата која клубовите ја заработиле од повторна продажба на играчите (во просек изнесува 4,23 милиони фунти или 350.000 фунти за гол) и за вредноста на еден гол се добива финалната сума од 350.000 фунти.
Секако оваа сума од 350.000 фунти за гол е просечна сума за сите напаѓачи во Премиер лигата во последните 10 години. Еден гол на Фернандо Торес или на Енди Керол вреди неколку милиони.