
Женската ракометна репрезентација не успеа да приреди изненадување на Европското првенство. По поразите од Франција и Шведска, ракометарките денес загубија и од Данска и го завршија својот настап на континенталното натпреварување.
Нашите ракометарки прикажаа добра игра на стартот и по 5 минути игра имавме водство од +2 (2:4), а оваа предност ја одржувавме до 14-та минута (7:9).
Но потоа следеше пад во играта и ракометарките на Данска направија серија од 4:0 за нивна предност од 11:9.
Данска продолжи со ова темпо и на паузата помеѓу двете полувремиња заминаа со водство од 4 гола (17:13).
Во второто полувреме нашите ракометарки продолжија да ги губат топките, а ракометарките на Данска со висок процент ги реализираа своите напади.
На моменти Данките имаа и двоцифрена предност и на крајот прославија победа од 37:30.
Најефикасни во нашите редови беа Црвенковска и Николиќ со по 7 голови, а Андрејева одбрани 9 удари кон голот.