Лоша тренерска логика

Тренерот на Килмарнок си направил своја математика и го вклучи фудбалерот Мануел Паскали во составот за натпреварот против Селтик и покрај тоа што тој е суспендиран.

Овој викенд екипата на Килмарнок го пречекува Селтик на натпревар од шкотската Премиер лига, а тренерот Кени Шилс во составот го вклучи и фудбалерот Мануел Паскали.

Но проблемот е во тоа што на натпреварот со Сент Џонстон на 24 ноември, Паскали заработи директен црвен картон уште во 3-та минута и си доби суспензија од два натпревари.

Во меѓувреме Килмарнок одигра еден натпревар од шкотскиот куп и на овој меч Паскали паузираше, а викендов треба да го пропушти и натпреварот со Селтик.

Но тренерот Шилс направил своја математика и го вклучил Паскали во тимот.

Според мојата математика, Мануел Паскали одлежа цели два натпревари суспензија. На натпреварот против Сент Џонстон тој доби црвен картон во 3-та минута, а натпреварот се играше 93 минути. Тоа значи дека тогаш паузирал 90 минути и си ја одлежал казната", изјави тренерот на Килмарнок.

Правилата не одговараат со неговата логика, но тврдоглавиот тренер инсистира дека тој е во право.

Мислам дека технички јас сум во право и тој ќе игра на натпреварот, па ќе видиме што ќе се случи", изјави Шилс.

7 декември 2012 - 10:34