Група Е
1. Шахтјор 10
2. Јувентус 9
3. Челси 7
4. Нордсјеланд 1
Шахтјор - Јувентус
Челси - Нордсјеланд
Екипата на Челси може да биде првиот актуелен шампион кој испаднал уште во групната фаза. Во вториот круг ќе се пласира само ако го победи Нордсјеланд, но и Јувентус треба да изгуби во Украина. На Јувентус му е потребен поен за пласман во осмина финалето, а со победа ќе го освои првото место.
Група Ф
1. Баерн Минхен 10
2. Валенсија 10
3. БАТЕ Борисов 6
4. Лил 3
Баерн Минхен - БАТЕ Борисов
Лил - Валенсија
Во оваа група единствено е непознато кој ќе го освои првото место за кое се борат Баерн Минхен и Валенсија. БАТЕ Борисов ќе игра во Лига Европа, Лил се збогува со европските натпреварувања.
Група Г
1. Барселона 12
2. Бенфика 7
3. Селтик 7
4. Спартак 3
Барселона - Бенфика
Селтик - Спартак
Барселона е прва во оваа група, а за втората позиција се борат Бенфика и Селтик. Бенфика има подобра гол разлика, но гостува во Барселона, а Селтик на домашен терен го пречекува Спартак.
Група Х
1. Манчестер Јунајтед 12
2. Галатасарај 7
3. Клуж 7
4. Брага 3
Манчестер Јунајтед - Клуж
Брага - Галатасарај
Манчестер Јунајтед продолжува во следната фаза од првата позиција, а за второто место ќе се борат Галатасарај и Клуж. Галатасарај има мала предност затоа што има подобра гол разлика и гостува кај отпишаната Брага, а Клуж игра во Манчестер.