Португалецот ја прими наградата за најдобар спортист на Пиринеите за 2012-та година на церемонија во палатата Ел Прадо, но си направи проблем кога пред кралското семејство се појави со мастика во уста.
По предупредувањето, тој се соочи со една голема дилема. Каде да ја фрли мастиката? На крај реши да го жртвува џебот од панталоните.
Се надеваме дека девојка му Ирина знае како се вади мастика од текстил и следниот пат кога Роналдо ќе го носи ова одело нема да наиде на лепливо изненадување кога ќе брцне рака во џеб.