Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Гвардиола веќе му носи профит на Баерн

Минатата недела Баерн Минхен објави дека од следната сезона нов тренер на тимот ќе биде Пеп Гвардиола и за неколку дена тој веќе почна да му носи профит на клубот.

Советите на Звонко

„Нападот да заврши со шут", „Да се шутне да се клај гол", „Треба шутој на гол"... и останатите совети со непроценлива вредност на селекторот Звонко Шундовски.

Револуцијата на Јуве за 18 месеци

Актуелниот италијански шампион дефинитивно се врати на старите патеки. По најсрамниот чин во нивната историја и натпреварувањето во втората лига, Јуве го освои Скудетото, сезонава е лидер во Серија А и успеа да се пласира во осминафиналето од Лигата на Шампионите.

Се продава малку користена кошаркарска сала

Организаторите на Олимписките игри во Лондон целосно ја расклопија и ја огласија за продажба арената која се користеше за кошаркарските натпревари за време на Олимпијадата и Параолимпијадата.

Банана за маскотата

Расел Вестбрук ја истрола маскотата на Денвер и непотребно го блокираше обидот за тројка од пола терен, но иронично, Оклахома на крајот загуби со 3 разлика (121:118).

Најочајниот изведен корнер

Земјата од каде потекнуваат најголемите дриблери, покажа дека има антиталенти за изведување корнери. Изминатово коло најтрагичниот потег му припадна на фудбалерот Маркињос, кој доаѓа од малку познатиот бразилски тим Дуки Ди Кашијас.

Прекинато првенство заради нокаутиран полицаец

Сите фудбалски натпревари во Уругвај се откажани по серија инциденти за време и по завршувањето на дербито помеѓу Пењарол и Насионал, а ситуацијата кулминираше откако гостинскиот голман нокаутираше полицаец.

Офсајд лик на неделата

Запознајте го Ерик Питерс, повремен репрезентативец на Холандија и член на ПСВ Ајндховен. Тој е нашиот омилен лик за сеир оваа недела.

Ренџерс ќе тужат за полова дискриминација

Челниците на 54-кратниот шкотски шампион Глазгов Ренџерс пројавија желба да го преселат клубот во Англија, а доколку не им биде дозволено, тие во Стразбур ќе тужеле за полова дискриминација.

Кој тоа нè нарекува „банда на свињи“?

Пред почетокот на дуелот помеѓу Германија и Македонија, еден германски ракометар ја нарече македонската репрезентација „банда на свињи". Да видиме кој тоа ги вреѓа нашите ракометари.

Четвртфиналето остана само сон

Пред заминувањето на Светското првенство се надевавме на пласман во осминафиналето и сонувавме за четвртфинале. Но во нокаут фазата наидовме на Германија која целосно не надигра и заслужено славеше со 28:23.

Во Скопје падна уште еден европски шампион

Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје го порази поранешниот трикратен кошаркарски шампион на Европа, шесткратен шампион на поранешна Југославија и првак на Хрватска, КК Сплит.

Сао Паоло го лансираше новиот дрес

Бразилската екипа Сао Паоло за потребите на својата маркетинг кампања во која потпиша рекорден спонзорски договор од 17 милиони евра годишно, настанот го прослави на спектакуларен, но и на необичен начин, лансирајќи го дресот на висина од 30.000 метри во вселената.

Афричкиот фудбалски крем на едно место

Во наредните 20 дена Јужна Африка ќе нагости 16 селекции во популарниот Афрички Куп на нации кои ќе бидат распределени во четири групи. Бранителот на титулата е репрезентацијата на Замбија која минатата година славеше на пенали против Брегот на Слоновата Коска.

Голови на неделата

Погледнете го редовниот преглед на TVGOLO и нивниот избор од најдобрите 10 гола за изминатата седмица.

Мекејлеб и Антиќ поразени во Евролигата

Во четвртото коло од Топ 16 фазата на најелитното европско клупско кошаркарско натпреварување и двајцата наши претставници претрпеа порази со нивните екипи.

Поразени од европскиот, но го избегнавме светскиот шампион

Македонската репрезентација го забележа вториот пораз на светскиот ракометен собир во Шпанија и покрај тоа што имаше предност во поголемиот тек од натпреварот против Данска. Со овој пораз во следната фаза ја избегнавме Франција.

Клубовите бараат пиво на англиските стадиони

Неколку англиски фудбалски клубови испратија писмо до претседателот на Фудбалската асоцијација со барање за укинување на забраната за конзумирање алкохол на трибините.

Бомба од 30 метри

На само 19 години Колумбиецот Хуан Куантеро ги демонстрираше своите вештини за изведување слободни удари од каде и искусните голгетерни не умеат да погодат. Колумбија загуби од Аргентина со 3:2 на мечот за селекции до 20 години, а ова дефинитивно е најубавиот момент на натпреварот.

Тренинг мајсториите на Манчестер Сити

Манчестер Сити секоја недела преку својот ЈуТјуб канал ги информира своите навивачи за случувањата на тренинзите. Оваа недела англискиот шампион направи компилација од најдобрите голови постигнати на тренинг.

Диего Форлан најголема утка во Серија А

Предводникот во нападот на Уругвај ја разочара италијанската спортска јавност и со 6612 гласови е избран за најлош играч во Италијанскиот фудбалски шампион за 2012 година. На второто место следи напаѓачот на Милан, Алехандро Пато.

Вистински пример за спортско витештво

Шпанскиот атлетичар Иван Фернандез Анаја имаше шанса да ја искористи невнимателноста на олимпиецот Абел Мутаи, но сепак му дозволи на противникот да триумфира.