Актуелниот европски шампион, екипата на Олимпијакос чиј член е Перо Антиќ го претрпе третиот пораз, а Фенербахче на Бо Мекејлеб по четири кола има исто толку порази.
Олимпијакос имаше предност во поголемиот дел од натпреварот против Монтепаски, а на една минута до крајот имаа водство од +5, но сепак загубија. Пресвртот се случи во последните 33 секунди кога гостите постигнаа 7 поени и на крајот триумфираа со 72:74.
Перо Антиќ одигра 19 минути, но не постигна поени, а забележа 4 скокови и 2 асистенции.
Пораз на домашен терен забележа и Фенербахче. Екипата на Мекејлеб загуби од шпанскиот Каха Лаборал која ја продолжи одличната серија од 7 победи во низа.
Фенербахче пружи отпор само во првата четвртина, а потоа гостите имаа целосна доминација и на крајот славеа со 75:97.
Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб имаше солиден учинок од 15 поени, 3 скокови и 3 украдени топки.