Ерик Питерс минатата година заработи тешка повреда која долг период го одалечи од терените. По цели 9 месеци пауза, тој настапи за прв пат во петокот против Цволе.
Неговиот прв настап по 9 месеци траеше само 67 минути и заврши неславно. Тој доби црвен картон и додека го напушташе теренот најпрвин ја клоцна вратата, а потоа скрши прозор со бокс и заработи тешка посекотина.
Питерс бил веднаш пренесен во болница каде што му бил извршен хируршки зафат и повторно ќе мора да паузира уште неколку недели.