Кениецот Абел Мутаи кој на Олимписките игри во Лондон ја освои бронзата на 3000 метри, триумфираше и на крос кантри трката во Памплона, но лесно можеше да ка испушти победата во последните неколку метри.
Тој имаше предност во однос на домашниот натпреварувач Иван Фернандез Анаја, но на неколку метри пред целта, тој успори мислејќи дека веќе ја има завршено трката.
Сепак домашниот натпреварувач покажа како треба да изгледа спортскиот ферплеј. Фернандез можеше да го претекне противникот, но тој се одлучи да успори и да му укаже на Кениецот дека се уште не ја поминал целта.
„Јас не заслужив да победам. Тој е вистинскиот победник. Мутаи направи голема предност и јас немаше да можам да го стигнам ако тој не успореше. Дури и да ми кажеа дека ако победам на трката ќе се изборам за место во шпанскиот тим за Европското првенство, јас повторно немаше да триумфирам на ваков начин", изјави 24-годишниот Фернандез по трката.