Гвардиола веќе му носи профит на Баерн

Минатата недела Баерн Минхен објави дека од следната сезона нов тренер на тимот ќе биде Пеп Гвардиола и за неколку дена тој веќе почна да му носи профит на клубот.

Ефектот на Пеп Гвардиола веќе почна да се чувствува во Минхен. Тој нема нема да седне на клупата на Баерн Минхен до почетокот на следната сезона, но неговиот нов клуб почна да прави пари од неговото име.

Само за 4 дена од објавувањето дека Пеп ќе биде тренер на Баерн Минхен, клубот доби 3.000 нови членови. Сите тие платиле по 3 евра за апликацијата и по 60 евра за годишната членарина, што значи дека клубот само за овие 4 денови ќари 189.000 евра.

Во овој момент Баерн Минхен има околу 190.000 членови и со овој тренд наскоро ќе биде надмината бројката од 200.000 членови.

21 јануари 2013 - 13:13