Фудбалската асоцијација на Уругвај ги откажа сите натпревари во следните 10 денови заради инцидентите на куп натпреварот помеѓу двата најголеми ривали, Пењарол и Насионал.
Екипата на Пењарол го доби натпреварот со 1:0, а незадоволните фудбалери на Насионал сакаа да ја истераат правдата со судиите кои добија полициска заштита, но на крајот еден од нив го извлече најдебелиот крај.
Голманот на Насионал, Хорхе Брава нокаутираше еден од полицајците, а по натпреварот тој веднаш беше уапсен.
Инцидентите продолжиле и надвор од стадионот каде се слушнале и истрели од огнено оружје.