Од машина за голови во шпанската Премиера каде успешно ги мина авантурите во Виљареал и Атлетико Мадрид, Диего Форлан кој беше претставен како големо засилување во тимот на Интер ја освои најнепосакуваната награда за најлош играч во Серија А за 2012 година. Признанието му до додели интернет порталот „Гуерин Спортиво" во соработка со „Фантагазета" и Тв емисијата „Окејгол".
Уругвајскиот напаѓач доби 6612 гласови или 17% од гласовите, а втор е Алехандро Пато со 11,2% кој разочара со настапите во составот на „Росоњерите", но и подолго време беше надвор од терените поради повреди. Трет е Холанѓанецот Елиа кој по неуспешната година во Јувентус, направи трансфер во Вердер Бремен.
Иако е мета на секојдневни критики, во топ 10 листата го нема Весли Снајдер кој според многумина е далеку од посакуваната форма и за многу кратко време се очекува да си замине од Интер. На четвртата позиција е Мауро Ѕарате кој по позајмицата во Интер, направи кам бек во Лацио, но речиси и воопшто да не добива шанса за настап.
Топ 10 листа на најслаби фудбалери во Италија за 2012 година:
1.Диего Форлан (Интер)
2.Алехандро Пато (Милан)
3.Ељеро Елиа (Јувентус)
4.Мауро Ѕарате (Лацио)
5.Алберто Варгас (Наполи)
6.Жибрил Сисе (Лацио)
7.Милош Красиќ (Јувентус)
8.БакајеТраоре (Милан)
9.Рикардо Алварес (Интер)
10.Хозе Ангел (Рома)