Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Голови на неделата

И оваа недела уредниците на TVGOLO имаа тешка задача да ги изберат најдобрите 10 голови од изминатите 7 денови. Помеѓу номинираните се мајсториите на Давид Луиз, Демба Ба, Кристијано Ронално, Хавиер Пасторе...

Тикет на колото

Националните првенства во поголемите лиги во Европа се движат кон својот крај со што натпреварите стануваат поинтересни за гледање, но и за типување. Одиме со нашите предлози.

Антиќ ќе брка фајнал-фор преку мајсторка во Атина

Кошаркарите на Олимпијакос имаа водство во текот на целиот натпревар и меч топка во своите раце, но во финишот му ја препуштија победата на Анадолу Ефес со што за пласман во фајнал-фор ќе одлучи последниот натпревар во Атина.

Бебе бил како изгубен на Олд Трафорд

Промашената инвестиција на „Црвените ѓаволи" доста искрено си ја опиша неуспешната авантура во Манчестер Јунајтед, каде мака мачел да го разбере шкотскиот акцент на Сер Алекс Фергусон кој пак на младиот фудбалер му се обраќал со „Бејби".

Аплауз за Фое во 23 минута

Камерунскиот репрезентативец кој на Купот на конфедерации пред 10 години колабираше на сред натпревар и ја потресе светската фудбалска јавност, ќе добие посебна почит од навивачите на Манчестер Сити и Вест Хем.

Дијаманти јадел најмногу ќотек

Иако сезонава опасноста по головите во најсилните европски национални првенства најмногу доѓаат од Меси, Роналдо, Фалкао, Ван Перси...изненадувачки најфаулираниот фудбалер оваа сезона е фудбалерот на Болоња, Дијаманти.

Објавени номинираните за играч на годината во Англија

Асоцијацијата на професионални фудбалери (PFA) ја објави листата на шест номинирани фудбалери кои ќе се борат за наградата „Играч на годината". Помеѓу нив се членови на Манчестер Јунајтед, Челси, Ливерпул и Тотенхем.

Мајами повторно фаворит за тронот во НБА

Викендов стартува плејофот на 67-та сезона од најквалитетното светско кошаркарско натпреварување. Кладилниците предвидуваат реприза на минатогодишното финале во НБА лигата, а актуелниот шампион, екипата на Мајами Хит е најголем фаворит за одбрана на титулата.

Најглупиот постигнат гол

Тие што не го сакаат фудбалот и велат дека е глупава игра во која 22 играчи трчаат по една топка, ќе им ја признаеме тезата, но само за оваа акција во која актерите се од најниските лиги во Англија.

Пехарот ќе чека на бензинска на пола пат

Минатата сезона кога за титулата се одлучуваше во последното коло, челниците на Премиер лигата пратија по еден трофеј на двата стадиони, но во 5-та лига имаат само еден, па за време на последното коло претседателот на лигата со пехарот во својот автомобил ќе чека на пола пат.

Протести против Ф1 трката во Бахреин

Полицијата во Бахреин употреби солзавци за да ги растера демонстрантите кои фрлаа молотови коктели и се обидуваа да направат хаос пред неделната трка во Формула 1 шампионатот.

Ливерпул е најдобриот англиски клуб на сите времиња

Навивачите на Манчестер и Челси можеби ќе се зачудат или ќе мислат дека ова е некој застарен наслов од 1 април, но тоа е вистината. Ливерпул има освоено најмногу бодови во историјата на англискиот фудбал.

Снајдер со турско мезе сними реклама за леден чај

Ѕвездата на Галатасарај Весли Снајдер немаше баш лесен тренинг. Заедно со својата понежна половина се нагостија со турска софра на теренот, а на крајот вкусните зачинети меса ги комбинираа со леден чај. 

Свонси со поголема поддршка на „Либерти“

Единствениот велшки клуб во Премиер лигата кој нема капацитет да ги нагости сите свои навивачи, најави дека ќе го прошири својот стадион со уште 11 000 седишта со што ќе добие капацитет за 33 000 гледачи, исто колку што има нашиот „.Филип Втори".

Аргентински ножички од далечина

Во Аргентина нема застој во процесот на производство на млади таленти. Најнов продукт на школата на Ривер Плејт е Себастијан Друиси кој на натпреварот помеѓу репрезентациите на Аргентина и Уругвај за фудбалери до 17 години постигна два гола, а првиот беше мајсторија со ножички од 18 метри.

Червар: Во недела со две срца на терен

Нашиот претставник во ракометната Лига на шампиони освен што го поправи минатогодишниот пласман и се пласираше во големата осумка на европскиот елитен ракомет, сега пред себе ја има најсериозната и најтешката пречка во историјата, а тоа е влезот во фајнлфорот.

Ким Јонг Ун го купи Сандерленд

Уште една одлична кампања од маркетинг секторот на британската кладилница Paddy Power. Овој пат тие направија видео во кое новиот газда на Сандерленд, лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун говори за неговите планови за опстанок во Премиер лигата.

Падобран за исфрлените од Премиер лигата

Челниците на Премиер лигата решија да го зголемат фондот за солидарност за клубовите кои испаѓаат од Премиер лигата, односно таканаречениот падобран за полесно да го поднесат исфрлањето во понизок ранг. Оваа сума ќе изнесува неверојатни 59 милиони фунти.

Тролови го нападнаа Бејл на Твитер

Познатите фаци ги користат социјалните мрежи за да бидат во постојан контакт со своите фанови, но некои стануваат жртви на т.н. „тролови". Последна таква жртва на интернетот е Герет Бејл кој беше добро истролан од навивачите на Арсенал.

Акцијата на Интер како од фудбалските учебници

Најубавата акција на полуфиналниот дуел од италијанскиот куп помеѓу Интер и Рома се одигра во 22-та минута кога по проигрувањата со Алварес и Роки, Бразилецот Жонатан ги доведе домаќините во водство. Сепак до крајот на натпреварот Рома направи пресврт и триумфираше со 2:3 за римско дерби во финалето на купот на Италија.

Антиќ и Олимпијакос поразени во Турција

Бранителот на титулата во Евролигата не успеа да слави во третиот четвртфинален дуел и уште вечерва да избори пласман во фајнлфорот кој се игра во Лондон. Со постојано водство кошаркарите на Анадолус Ефес заслужено триумфираа со 83:72 и се изборија за четврти меч.

Најмалерозниот тим во Серија А

Сигурно дека ова "признание" не го посакува ниту една екипа, особено не оние од горниот дел на табелата, кои на само неколку кола до крајот на сезоната грчевито се борат за место кое носи пласман на европските натпреварувања.

Деби на Марија како од соништата

Со оглед на ремек делото кое го приреди на својот прв официјален натпревар слично на нејзиниот идол, оваа 17 годишна фудбалерка од Шведска ќе го памети својот деби настап до крајот на животот.