Најубавата акција на полуфиналниот дуел од италијанскиот куп помеѓу Интер и Рома се одигра во 22-та минута кога по проигрувањата со Алварес и Роки, Бразилецот Жонатан ги доведе домаќините во водство. Сепак до крајот на натпреварот Рома направи пресврт и триумфираше со 2:3 за римско дерби во финалето на купот на Италија.