Дијаманти јадел најмногу ќотек

Иако сезонава опасноста по головите во најсилните европски национални првенства најмногу доѓаат од Меси, Роналдо, Фалкао, Ван Перси...изненадувачки најфаулираниот фудбалер оваа сезона е фудбалерот на Болоња, Дијаманти.

Статистиката ја има направено спортската агенција „Опта Спорт", а во конкуренција се влезени играчите од топ 5 најдобрите национални првенства (Серија А, Премиер лига, Лига 1, Бундеслига и Ла Лига).

Обично велат дека најтешко е да се сопре најдобриот, а тоа е четирикратниот освојувач на Златната топка Лионел Меси, но според оваа листа на најфаулирани фудбалери тој е на осмото место со 72 примени фаули, а Кристијано Роналдо со 70.

По фудбалерот од средниот ред на Болоња со 123 фаули, втор е Диего од Волсбург со 100, потоа Роби Крус од Фортуна Дизелдорф со 99, Франческо Тоти од Рома со 93, а петти е Стефан Кислинг од Баер Леверкузен со 93 примени фаули.

19 април 2013 - 14:54