Најголемиот на сите времиња синоќа за последен пат го носеше омилениот дрес - оној на Аргентина. На пријателска против Бенин гаучосите победија 3-0 пред повеќе од 80.000 гледачи на „Монументал“ во Буенос Аирес. Стрелци на головите: Отаменди 48', Нико Паз 61' и Лионел Меси од пенал во 71' минута.
Капитенот на Португалија е најплатен спортист на Инстаграм. Според резулатите од едно истражување на аналитичката компанија Хупер, Роналдо земал двојно повеќе пари од оваа социјална мрежа отколку што му даваат на северот од Италија.
Нема ден да помине а некој од триото Меси-Суарез-Нејмар да не направи ново чудо со топката. По Аргентинецот пред некој ден, сега Уругваецот покажа дека докторирал на тема гол од позади ограда.
Иако сезонава опасноста по головите во најсилните европски национални првенства најмногу доѓаат од Меси, Роналдо, Фалкао, Ван Перси...изненадувачки најфаулираниот фудбалер оваа сезона е фудбалерот на Болоња, Дијаманти.