Роналдо од реклами на Инстаграм заработува повеќе отколку во Јувентус

Капитенот на Португалија е најплатен спортист на Инстаграм. Според резулатите од едно истражување на аналитичката компанија Хупер, Роналдо земал двојно повеќе пари од оваа социјална мрежа отколку што му даваат на северот од Италија.

Модерниот фудбал донесе поинаква слика од онаа во претходните децении. Најголемите ѕвезди освен од богатите договори со клубовите, сметката ја товарат и со средства од спонзорирани објави на Инстаграм.

Конкретно Роналдо, само годинава заработил 47,8 милиони долари од 49 спонзорирани објави на Инстаграм. Тоа е дури 14,7 милиони повеќе од она што го добил во Торино за сезонава.

Големите компании играат на картата што најголемите светски ѕвезди имаат милиони следбеници на Инстаграм, па соодветно на тоа очекуваат објавата на рекламиран производ да биде масовно и глобално проширена.

Еден спонзориран пост чини околу 975.000 долари. Брендовите обично ги бираат ѕвездите според бројот на следбеници, квалитетот на аудиенција, местоположба и севкупниот изглед на Инстаграм профилот на суперѕвездата.

Пример, Лионел Меси за повеќегодишниот договор со Барселона ќе добие 92 милиони долари, а дополнителни 23,3 милиони долари Аргентинецот заработил само од спонзорирани објави на Инстаграм. Тој е воедно и најплатениот фудбалер од спонзорирани објави на Инстаграм во 2019 година по сите параметри.

Роналдо и Нејмар се единствените спортисти меѓу 10 најплатени лица на социјалните мрежи на светот, според HooperHQ.

Во морето спонзорства, договори и останати приходи, Роналдо во 2019-та заработил астрономски 108,2 милиони долари, а Бразилецот од ПСЖ 96,2 милиони долари.

КОИ СЕ НАЈГЛЕДАНИ И ЕВЕНТУАЛНО НАЈВРЕДНИ ОБЈАВИ НА ИНСТАГРАМ:

- Партнерството за спонзорство кое Меси го има со брендот Пепси, само од Инстаграм, според сите параметри, најверојатно му донело 4,6 милиони долари.

- Видеото на кое Роналдо тренира облечен во Најк и во облека од португалскиот бренд Сагрес џиар, на 7-та на Јувентус му го наполнило џебот за 3,7 милиони долари.

- Нејмар и Дани Алвес (Сао Пауло) еднаш се танцуваа облечени во шорцеви од брендот Џордан и за тоа О’Неј добил 1,9 милиони долари после сите импресии на Инстаграм.

- Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело Виера за една слика во продавница на Адидас, најверојатно заработил околу 809.000 долари.

- Серхио Рамос, капитенот на Реал, на едно видео тренира во дрес со логото на Емирејтс Ерлајн и според проценката на сите параметри, заработил 731.000 долари.

КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ФУДБАЛЕРИТЕ ОД ОБЈАВА НА ИНСТАГРАМ?

Според анализата на HooperHQ:

- Кристијано Роналдо наплаќа 975.000 долари од една објава на реклама;
- Нејмар 722.000 долари;
- Лионел Меси: 648.000 долари;
- Дејвид Бекам: 357.000 долари;
- Роналдињо: 256.000 долари
- Герет Бејл: 218.000 долари
- Златан Ибрахимовиќ: 200.000 долари.

КОЈ ИМА НАЈМНОГУ СЛЕДБЕНИЦИ НА ИНСТА, НА ФЕЈСБУК И НА ТВИТЕР?

Меси има 138 милиони луѓе кои го пратат на Инстаграм и 90 милиони на Фејсбук. Аргентинецот нема Твитер сметка.

Роналдо има неверојатни 193 милиони фолоувери на Инстаграм, 122 милиони на Фејсбук и 81,5 милиони на Твитер.

Бекам уште котира високо, со 59,7 милиони фолоувери на Инстаграм и 51,9 милиони кои го следат на Фејсбук. Бекс нема Твитер.

Роналдињо има 50,1 милион лица кои го пратат на Инстаграм и 34,2 милиони на Фејсбук. Бразилецот исто нема Твитер.

Герет Бејл на Инстаграм има 42,7 милиони фолоувери, 28 милиони на Фејсбук и 18,2 на Твитер.

Златан Ибрахимовиќ е на листата со 39,8 милиони на Инстаграм, 26 милиони на Фејсбук и 6,2 милиони следбеници на Твитер.

27 декември 2019 - 15:48