Шпанскиот фудбал подеднакво е во долгови како и остатокот од земјата. Само Првата и Втората шпанска лига должат околу 5 милијарди евра.
Двата најголеми клубови во земјата, Реал Мадрид и Барселона се и најзадолжените со по 660, односно 548 милиони евра. Минусот на овие два доаѓа и покрај тоа што тие годишно заработуваат по речиси половина милијарда евра.
Реал (и неговиот долг) заедно со Валенсија (380 мил. долг / 120 мил. заработувачка) се клиенти на Банкиа (поранешна Caja Madrid), финансиската институција чија пропаст ќе ја отвори шпанската Пандорина кутија.
Токму преку спасувањето на оваа институција, Брисел делумно ќе ги исплаќа долговите на фудбалските клубови кои настанаа со плаќање на баснословните суми за носење на Роналдо, Кака и слични на нив.
ЕУ на Шпанија ќе и даде 100 милијарди евра, кои би требало да ја "смират" земјата.
Шпанските клубови заработуваат околу 1,8 милијарди евра годишно, што е 300 милиони евра помалку од тековните трошоци. За да се израмнат на нула (без враќање на долговите), би требало да се елиминира една третина од играчите во лигата, или Реал да им ја скрати платата на ѕвездите за 50%.