Објавени номинираните за играч на годината во Англија

Асоцијацијата на професионални фудбалери (PFA) ја објави листата на шест номинирани фудбалери кои ќе се борат за наградата „Играч на годината". Помеѓу нив се членови на Манчестер Јунајтед, Челси, Ливерпул и Тотенхем.

Номинираните за наградата се минатогодишниот освојувач Робин ван Перси, како и најдобриот од претходната сезона, Герет Бејл од Тотенхем кој се смета за најголем фаворит да биде прогласен за најдобар и оваа сезона.

Покрај нив, номинирани се и Мајкле Керик од Манчестер Јунајтед, Еден Азар и Хуан Мата од Челси и Луис Суарез од Ливерпул.

Герет Бејл и Еден Азар се вброени и на списокот на номинирани за најдобар млад играч на сезоната. Во оваа категорија се номинирани и Кристиан Бентеке од Астон Вила, Ромелу Лукаку од Челси/ВБА, Дани Велбек од Манчестер Јунајтед и Џек Вилшир од Арсенал.

Победниците ќе бидат објавени на 28 април.

19 април 2013 - 14:23