Марија Банушиќ е иднината на шведскиот и воопшто европскиот женски фудбал со оглед на нејзиниот талент кој го покажа уште на првиот нејзин натпревар во Шведската прва дивизија.
Таа до вчера се воодушевуваше на потезите на своите идоли Роналдињо и Меси, но сега може да се пофали дека умее да го стори истото на само 17 години.
Со голот кој наликува на оној на Роналдињо од Мундијалот во 2002 година, си го заслужи прекарот Маредињо по кој сака да стане препознатлива.