Мајами повторно фаворит за тронот во НБА

Викендов стартува плејофот на 67-та сезона од најквалитетното светско кошаркарско натпреварување. Кладилниците предвидуваат реприза на минатогодишното финале во НБА лигата, а актуелниот шампион, екипата на Мајами Хит е најголем фаворит за одбрана на титулата.

Кошаркарите на Мајами Хит ја започнаа сезоната како фаворити и го задржаа тој статус по онаа што го прикажаа во регуалрниот дел од сезоната. Леброн Џејмс, Двеј Вејд, Крис Бош и дружината имаат учинок од 66 победи, 6 повеќе од најблискиот конкурент, Оклахома Сити Тандер.

Пред почетокот на сезоната, коефициентот на Мајами изнесуваше 3,25 а сега кладилниците им даваат коефициент 1,8.

Минатата сезона Мајами во финалето ја победи Оклахома со 4:1, а кладилниците предвидуваат дека и оваа година ќе го гледаме истото финале. Коефициентот за титулата на Оклахома изнесува 4,5.

Пред почетокот на сезоната, втори фаворити за титулата беа кошаркарите на Лејкерс, но со лошите резултати во регуларниот дел, како и повредата на Коби, сите очекуваат нивна рана елиминација.

Западна конференција
Оклахома Сити Тандер - 2,2
Сан Антонио Спарс - 3
Лос Анџелес Клиперс - 8
...

Источна конференција
Мајами Хит - 1,23
Њујорк Никс - 8,5
Индијана Пејсерс - 10
...

НБА шампион
Мајами Хит - 1,8
Оклахома Сити Тандер - 4,5
Сан Антонио Спарс - 8
Лос Анџелес Клиперс - 16
Њујорк Никс - 16
Индијана Пејсерс - 21
...

19 април 2013 - 13:21