Реал Мадрид го исфрли Манчестер Сити од Лига на шампиони со вкупен резултат 1-5 и го остави во игра само за домашните трофеи во Премиер лига и англиските купови. По убедливите 3-0 во Мадрид кога патникот во следна рунда веќе беше решен, „кралевите“ славеа и вечерва 1-2 со двата гола на Бразилецот Винисиус.
Ексцентричниот напаѓач после првиот погодок на мечот, од пенал, отиде кај корнер знаменцето и ги имитираше домашните навивачи како плачат:
Арсенал го елиминираше Баер Леверкузен со вкупен резултат 3-1 откако вечерва рутински славеше на својот стадион во Лондон 2-0 со страшниот гол на Еберечи Езе (кандидат за најубав сезонава во Лига на шампиони) и Деклан Рајс.
Арсенал во четвртфинале ќе игра против Спортинг Лисабон.
ПСЖ после огромните 5:2 во Париз, и вечерва во Лондон си поигра со Челси, славеше 0-3 со леснотија и покажа зошто е актуелен европски шампион во ЛШ.
Прашањето на победникот се реши рано, уште до 14' минута кога Пари Сен Жермен веќе водеше со 0-2 со головите на Хвича Кваратцхелија и Бредли Баркола.
Челси напаѓаше но не можеше да го загрози голот на Парижаните. Во 62' и младиот Мајулу погоди за 0-3 и конечен вкупен резултат 8-2.
ПСЖ во четвртфинале ќе оди на подобриот од мечот Ливерпул - Галатасарај.