Аплауз за Фое во 23 минута

Камерунскиот репрезентативец кој на Купот на конфедерации пред 10 години колабираше на сред натпревар и ја потресе светската фудбалска јавност, ќе добие посебна почит од навивачите на Манчестер Сити и Вест Хем.

Трагичниот настан се случи на полуфиналниот натпревар на Купот на конфедерации помеѓу Камерун и Колумбија кој се одигра на 26 јуни 2003 година, кога последниот свиреж на судијата не го дочека Марк Вивиен Фое кој почина од срцев удар на 28 години.

Фудбалерот од средниот ред на Камерун го носеше дресот на Манчестер Сити и Вест Хем, а дресот со број 23 „Ѓраѓаните" одлучија да го повлечат во негова чест. Навивач на Сити предложил на средбата помеѓу овие два клуба која се игра на 27 април, навивачките групи во 23 минута од мечот да му оддадат почит на Фое со едноминутно молчење во знак на 10 годишнината од неговата смрт.

Фое покрај во Сити и Вест Хем, дел од кариерата ја помина и во Канон, Ленс и Лион, а во Манчестер Сити ќе остане запаметен како последен играч кој постигнал гол на стадионот „Мејн Роуд" каде „Граѓаните" до 2003 година ги играа своите натпревари.

19 април 2013 - 15:58