Одговорот е Интер, екипата која ги руши сите рекорди по бројот на повредени играчи во моментите кога се потребни најмногу бодови. Интер е единствената екипа во Италија со дури 1183 дена по ред во кои има повредени играчи.
Само сезонава почнувајќи од летните подготовки на 1 јули 2012 година па се до изминатиот викенд, евидентирани се вкупно 46 повреди кај фудбалерите на Интер. Фудбалерот од одбраната Кристијан Киву е играчот со најмногу повреди, вкупно четири, а зад него е Милито со три.
По повредите на Киву, Оби, Мудингаи, Кастелаци, Милито и Паласио, пред две кола тешка повреда заработи Антонио Касано, а на неделниот меч против Каљари со повреди се здобија Гаргањо и Нагатомо, за кого оваа сезона е завршена.
Во целиот малерозен период за „Нероаѕурите" сигурно му е најштеко на тренерот Андреа Страмачони кој на последните 5 меча во Серија А има 4 порази, а по неделното гостување на Сардинија, на вечерашниот полуфинален меч од Купот против Рома повторно во нападот ќе го има единствено ветеранот Томазо Роки.
Тимот кој пред 3 сезони ја освои тројната круна во домашното првенство, Купот и Лигата на шампионите моментално се наоѓа на седмата позиција на табелата во Серија А со што ризикува да не избори пласман ниту во Лигата на Европа во која се пласираат четврто и петтопласираните екипите.