За тоа колку е богата Премиер лигата говори и фактот што пари не добиваат само успешните клубови, туку лигата ги „наградува" и оние кои ќе испаднат и тоа со огромни суми.
Оваа финансиска помош Англичаните ја нарекуваат „падобран" затоа што е смислена за испаднатите клубовите да можат полесно да го поднесат губењето на приходите кои ги добивале во Премиер лигата.
„Падобранот" во минатото вредеше 32 милиони фунти (2 години по 16 милиони фунти), а од 2010-та година финансиската помош е зголемена на 48 милиони фунти и се дели на 4 години (15+17+8+8).
Од следната сезона оваа сума најверојатно ќе изнесува 59 милиони фунти. Првата сезона клубовите ќе добиваат 23 милиони фунти, втората 18, а следните две по 9 милиони фунти.
За да не се бунат другите клубови, Премиер лигата ќе им подели дел од солидарниот фонд и на останатите. Клубовите од Чемпионшип следната сезона ќе добијат по 2,3 милиони, Лига Еден по 360.000, а клубовите од Лига Два ќе добијат по 240.000 фунти.